Соопштение на СВР Тетово 26 декември 2023 година
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (25 декември) околу 21 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Х.Р. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген туран“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок
Вчера (25 декември) во 16 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Б.Т. од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.
Четириесет и деветгодишниот тетовец Љ.П., вчера (25 декември) во 19 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22 часот и 20 минути пред угостителски објект на улица „Благоја Тоска“ во Тетово физички бил нападнат од едно лице. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (25 декември) во 5 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во куќа на улица „Полог“ во Тетово, сопственост на 50-годишниот тетовец А.Р.. Нема повредени лица во пожарот, а бил оштетен поголем дел од покуќнината во внатрешноста на објектот. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот целосно е локализиран. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.