• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Советот на Општина Тетово одобри јавно приватно партнерство-фирма од Словенија ќе работи на собирање и депонирање на смет

07/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на денешната 19-та седница изгласа одлука со која се одобрува јавно приватно партнерство за собирање и депонирање на смет. Општината претходно спровела тендер на кој е избрана фирма од Словенија да ја врши оваа услуга. На тендерот му претходеше и физибилити студија за оправданоста на јавното приватно партнерство.

– За најповолен понудувач се избра компанијата Саубермахер Словенија, услуги за заштитна животна средина со седиште во Мурска Собота. Предмет на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за собирање и депонирање на комунален отпад на цела територија на Општина Тетово до депонија Русино кое се остварува како јавна набавка. Целите што треба да се постигнат со доделување на договорот за јавното приватно партнерство е интегриран систем за управување со отпад кој ќе биде ефикасен во однос на отстранување на целиот отпад, намалување на количините и да се отстранат опасностите по животната средина, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

На седницата мнозинството од советот усвои заклучок со кој се одобрува на Општината да прави уште физибилити студии за оправданост за формирање на повеќе јавни приватни партнерства, за изградба на административна зграда на општината како и за изградба, реконструкција и управување со аква-парк во спортско-рекреативен центар во Тетово.

Опозицијата реагираше на потребата да се гради аква-парк.

– Изградбата на аква-парковите се покажаа како промашени инвестиции поради финансиска неразумност. Затоа се сомневаме дека зад овој чин се крие корупција и единствена цел на градоначалникот е да создаде финансиски извор за компанија блиска до Движење Беса, изјави Лиридон Диша од ДУИ.

– Во Тетово се направи базен по сите европски стандарди од страна на Владата на СДСМ, меѓутоа што вели една поговорка „Ние што сме направиле, тие не можат ни да варосаат“. Така ќе биде и случај со овој нов базен. Нешто што има да се прави друго, не е во ред, тоа е трошење на парите на граѓаните, изјави Глигорије Стојановски од СДСМ.

Советничката група на СДСМ побара Општината да одвои по три илјади денари за секое прваче во рамки на Општина Тетово, по што беше одлучено да се направи координација околу можноста за реализација на оваа идеја.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Креативни работилници за деца со посебни потреби „Зрак во темнината“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!