• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Создадена химна по повод десетиот јубилеј на манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“

31/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово викендов беше домаќин на традиционалната, десета јубилејна, детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“.

Манифестацијата се одржа Духовно-културниот центар  „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок.  Учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија беа учесници на манифестацијата.

-Од оваа година, бидејќи е јубилејна, манифестацијата доби своја химна. Текстот на химната е на поетот Власта Цениќ од Србија, а музиката ја напиша Гоце Симоноски, композитор од Тетово.  Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Северна Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението.

На главниот дел на програмата учествуваа учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Роденден“.  На овогодинешната манифестацијата дојде Виолета Јовиќ, поетесата и писател за деца од Србија.

-Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.  Програмата содржеше и три пиеси за деца на српски јазик како дел од проектот „Школа српског језика“ (Школа за српски јазик) одобрен од страна на Фондот за бегалци и рааселени лица и за соработка со Србите во регионот. Сите учесници на крајот, заедно со членовите на КУД „Бранко Чајка“ заиграа едно српско оро, изјави Андонов.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и информирање на Република Србија.

ас

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

Во полиција 78 годишник пријавил каснување од бездомни куче во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!