Соопштение на СВР Тетово 16 февруари 2024 година
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (15 февруари) околу 11 часот во тетовско Милетино го привеле 40-годишниот Н.М. од ова село. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Вчера (15 февруари) во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на кружниот тек на улица „Маршал Тито“ во Тетово во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 23-годишниот тетовец А.З. и „фолксваген тигуан“ што го управувал 34-годишниот тетовец Љ.А .Во несреќата, возачот на „тигуанот“ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Шеесет и осумгодишниот тетовец Е.С. вчера (15 февруари) во 16 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека неговата ќерка М.С.(36) и нејзиниот малолетен син, кои претходниот ден ги пријавил дека се оддалечиле, околу 14 часот и 20 минути се вратиле дома