Ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година, Сојузот на борци од Тетово ќе го одбележи со свеченост која ќе се одржи во сабота 18 ноември од 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Влезот е слободен.
-Специјални гости, врвни изведувачи и програма каква ретко се гледа – оваа сабота, во ЦК „Иљо Антески – Смок“, со почеток во 19 часот ќе бидат одбележани 79 години од ослободувањето на Тетово, како последен ослободен град во Македонија. Влезот е слободен. Слоганот оваа година е „Од колено на колено слободно Тетово“, информираат организаторите.
Со ослободувањето на Тетово е ослободена и Македонија.
-Токму затоа Тетово мора да слави на највисоко ниво. За потсетување, повторното свечено одбележување на овој значаен настан беше вратено во 2019, откако речиси 15 години изостана организирана активност за достојно одбележување. Настанот е во организација на Сојузот на борци од Тетово, во соработка со голем број на поединци и групи кои учествуваат во одбележувањето, порачуваат организаторите.