СВР Тетово информира дека оваа работна недела биле домаќини на делеција на колеги од Полска со кои се разговарало за справување со трговијата со луѓе.
-Висока полициска делегација од Република Полска неделава го посети Секторот за внатрешни работи Тетово и оствари средба со првите луѓе на Секторот, началникот Амир Далипи и помошник началникот Ивица Михајловски. Претставниците на полската делегација предводена од Томаш Травински и Јарослав Пастерски во рамките на посетата посебно се интересирале за минатите и тековните активности реализирани на подрачјето на СВР Тетово на планот на справување со трговија со луѓе, но и за други превентивни активности, а споделиле и нивни професионални искуства во третирањето на одредени безбедносни настани, прашања и проблеми, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.