Соопштение на СВР Тетово 1 април 2024
На 01.04.2024 во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници. Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува
На 31.03.2024 околу 18.25 часот во СВР Тетово, П.Н.(43) од Тетово пријавил дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.А.(18) од Тетово, кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 20.40 часот во СВР Тетово, 31-годишната С.Т. од Тетово пријавила дека во двор на средно училиште во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Н.Р.(36) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Теарце, 55 – годишен жител на тетовско село пријавил дека во заедничкиот двор бил физички нападнат од неговиот брат З.З.(60). Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 15.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Е.З.(74) од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал. Лицето е задржано во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот.