• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово евидентира 1781 сообраќајни прекршоци во јануари, 174 повеќе од 2022 година

02/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во јануари годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 29 локални, засилени акциски контроли и редовни активности вкупно откриле и законски санкционирале 1781 прекршок или 174 повеќе во споредба со истиот период лани.

Во јануари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 204 возачи, од кои 128 управувале без возачка дозвола, 46 под дејство на алкохол, 17 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, и 13 со важечка забрана за управување.

-Во контролните активности, реализирани во текот на минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 47 возила, од кои 41 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 3 поради утврдена техничка неисправност и исто толку поради претовар. Минатиот месец вкупно била изречена 591 мерка за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, 62 за недавање предност, односно првенство на пешаци и друго, информира портпатолот Марјан Јосифоски.

Во првите 31 ден од 2023 година времено биле одземени шест возила со истечена регистрација повеќе од шест месеци, 67 возачки  и 32 сообраќајни дозволи. Теовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 315 непрописно паркирани возила, најмногу во централното  подрачје на Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 3 февруари 2023

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.