Секторот за внатрешни работи Тетово, покрај другите, во содејство и координација со Центарот за социјални работи, презема и мерки за справување со питачењето. Годинава, досега се преземени вкупно 34 вакви мерки (ТЕ-28 и ГВ – 6), со кои во најголем број биле опфатени лица од регионот, но и од други места од нашата земја, кои на јавни места и неретко заедно со малолетни деца питачеле. Сите се приведени и изготвени им се предвидените поднесоци по член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Зашто, питачењето како асоцијална појава е спротивно на овој закон и се санкционира со парична глоба од 15 до 50 евра во денарска противвредност. Активностите за откривање и санкционирање на питачењето ќе продолжат и во наредниот период, а покрај непосредно инволвираните ќе се санкционираат и лицата кои ги поттикнуваат и организираат да питачат, информира СВР Тетово.