Соопштение на СВР Тетово 24 јануари 2024
Со започнување на второто полугодие од тековната учебна година Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше планираните превентивно-контролни активности за поголема безбедност на учениците во тетовските средни училишта. Денеска (24.01) се спроведе контрола во возилата, претежно автобуси, со кои организирано се превезуваат учениците во едно од тетовските средни училишта.
Целта на овие активности кои во континуитет ќе се реализираат и наредните денови е навреме да се превенираат несакани појави и состојби кои би ја довеле во прашање вкупната безбедност на учениците во и надвор од училиштата, пред и по завршување на наставата. Секторот за внатрешни работи Тетово без исклучоци ќе презема мерки за санкционирање на сите констатирани пропусти и недостатоци од ваква природа и карактер, во функција на поголема лична и заедничка безбедност на средношколците во Полошкиот регион
Соопштение на СВР Тетово 24 јануари 2024
Вчера (23 јануари) од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Tетово спроведена е сообраќајна акциска контрола за престигнување, во која биле откриени и санкционирани вкупно 34 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-15). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непрописно престигнување во колона и на забранети места. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои се движат од 45 до 300 евра во денарска противвредност.
На некои од нив, зависно од тоа каде и како престигнувале, времено ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-2). СВР Тетово со апел до возачите да не престигнуваат на недозволени места и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Им се советува, исто така, да бидат максимално внимателни во вечерните и раните утрински часови, пред се поради голомразицата на поедини места и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
фото СВР Тетово