Соопштение на СВР Тетово
-Денеска (21 февруари) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на отворен простор во близина на фабрика во тетовско Желино, била запалена и горела поголема количина стари гуми. Веднаш по пријавувањето, на лице место се испратени полициски службеници од Полициското одделение Групчин, како и екипи од тетовската Територијална противпожарна единица, кои интензивно се ангажираат на локализирање на настанатиот пожар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – кој и зошто ги запалил гумите, а што претставува кривично дело „Загадување на животна средина и природата”, согласно член 218 од Кривичниот законик.