• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово ќе прави посебен сообраќаен режим околу Лешок за празникот Голема Богородица

25/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се  завршени планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод престојниот православен христијански празник „Голема Богородица“,  кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Од таму поради тоа известуваат дека дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август во 16 часот  и кој ќе трае се до завршување на празничните свечености.

-Влезот кон манастирскиот комплекс ќе се реализира од пред бензинската пумпа на „Лукоил“ кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Одвивањето на сообраќајот во двете насоки ќе го регулираат полициски службеници на СВР Тетово. Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до  манастирскиот комплекс им се советува исклучиво да ги паркираат на четирите паркиралишта, определени за таа намена  и целосно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат  движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Полицијата со совет до возачите-доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата да ги оставаат на десната страна од патот.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Повредена Србинка во Тетово по паѓање од балкон во зграда на покрив од локал во приземје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.