Тетовската полиција информира дека се приведени двајца малолетници затоа што одзеле автомобил половина час претходно.
Вчера околу 9 часот тие го одзеле возилото на улица „Благоја Тоска“ и се откриени од полицајците половина час подоцна на улицата „Илинденска“ по што се повикани родители за да бидат лишени од слобода.
-Во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, полициски службеници лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце затоа што половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово одзеле патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, информираат од СВР Тетово.
Возилото било вратено на сопственикот А.А.(35) од Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
ас