Вчера (19 декември) од 11 до 15 часот, на тетовското подрачје на два пункта во Тетово и на регионалниот пат Тетово-Пирок, биле откриени и санкционирани вкупно 8 возила, односно возачи кои вршеле јавен превоз без потребните документи. По документирање на случајот на сопствениците на возилата ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.