Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.
Покрај ова, на оние кои деновиве ги чистат нивите, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од поголеми размери, на околни ниви, објекти и слично.
Зашто, во спротивно тие што од невнимание или намерно ќе предизвикаат пожар ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни пријави и затворски казни кои се движат од 6 месеци до 5, односно 8 години, зависно од видот на пожарот, околности и крајните последици.
Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, особено во полето каде и се најчести овој месец, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.