• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со проценка дека вчера на Попова Шапка пристигнале до десет илјади возила

Почетокот на ски-сезоната привлече голем број скијачи и посетители на Попова Шапка, па поради тоа се создоа колони со возила и за пристигнување и за заминување од скијачкиот центар.

23/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почетокот на ски-сезоната привлече голем број скијачи и посетители на Попова Шапка, па поради тоа се создоа колони со возила и за пристигнување и за заминување од скијачкиот центар. Жител на Тетово сведочи дека дури не ни отишол на Попова Шапка поради тоа што премногу далеку имал можност да го остави возилото.

-Околу 9 часот и 30 минути пристигнав на пет километри до Попова Шапка. Полицијата не дозволуваше да се продолжи поради премногу возила и немање паркинг. Ми рекоа дека може само пеш да се продолжи. Одлучив да се вратам дома во Тетово, бидејќи не сакав да пешачам пет километри со мали деца, ни дојави жител на градот.

Од полицијата сметаат дека колоните и чекањето за пристигнување и враќање се должат на огромниот број возила и недоволно паркинг места за нив. Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово вели дека во пресрет на официјалното отворање на новата скијачка сезона  на Попова Шапка на 22 и 21 јануари  полицијата ги презела сите неопходни мерки.

-СВР Тетово целосно го покри регионалниот пат Тетово-Попова Шапка со поголем број полциски службеници и возила.Меѓутоа, неадекватниот капацитет на коловозот за толку голем број возила ( проценка од 8 до 10 илјади), дополнително стеснет од снегот лево и десно, ја намалија сообраќајната проточност на овој потег. Покрај тоа, евидентен беше и недостигот на простор за паркирање, а проблем направија и многу возила оставени на несоодветни места, нестрпливоста на возачите и недисциплинираното однесување на не мал број возачи, поради што се создаваа мешаници и бавен проток на возилата во едната и другата насока, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Изминатава недела повеќе денови имаше врнежи од снег, па имаше доволна снежна покривка  од над 50 сантиметри за да се обработаат патеките и да може да се скија. Скијачите  имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Во СВР Тетово 74 годишна жена пријавила каснување од куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.