Соопштение на СВР Тетово 17 јануари 2024 година.
На 17.01.2024 во 01.55 часот во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава
На 16.01.2024 во 15.20 часот на улица „108“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од Тетово затоа што кај неа била пронајдена марихуана. За настанот биле запознаени нејзиниот старател и адвокат по службена должност, а малолетничката била предадена социјален работник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2024 во 16.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.К.(28) од Тетово. Тој бил баран по судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 16.01.2024 во 22.15 часот во Тетово, полициските службеници од СВР Тетово го привеле В.А.(37) од тетовска Стримница. Тој бил баран по судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 16.01.2024 во 19.00 часот во СВР Тетово, Б.Б.(33) од тетовска Брвеница и Ј.К.(32) од тетовско Долно Седларце пријавиле дека околу 15.25 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, биле физички нападнати од едно лице, кое употребило и метален предмет и го оштетило и возилото „форд галакси“ сопственост на Б.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.