Вчера (10 март) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која вкупно биле изречени 147 мерки (ТЕ-116 и ГВ-31).
Во акцијата биле откриени и санкционирани 100 возила, односно возачи (ТЕ-69 и ГВ-31) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест од нив пречекориле за над 70 километри на час (ТЕ-5 и ГВ-1), а 29 возачи (ТЕ-22 и ГВ-7) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Покрај ова, санкционирани се и 47 возачи (ТЕ) кои возеле пребрзо во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра, а оние кои најмногу пречекориле ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Во акциската контрола санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не брзаат непотребно. Зашто, пребрзото возење и годинава е најчестата причина за случените сообраќајни несреќи досега.