Соопштение на СВР Тетово 8 јули 2024
На 07.07.2024 година во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети. Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М. . Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок.
……
Ноќеска (08.07.2024) во 03.00 часот на автопат Тетово-Гостивар, поточно на наплатна станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило. При преглед на возачките документи таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека со фалсификувана. А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.
…….
На 07.07.2024 година во 00.30 часот во СВР Тетово А.А.(24) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 21.30 часот, пред угостителски објект на улица ,,Страшо Пинџур“ во Тетово, бил физички нападнат од Е.,,Н“. Се работи на расчистување на случајот.
……
На 07.07.2024 година во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.30 часот на улица „133“ во Тетово настанал пожар во казино, сопственост на С.М.(28) од Тетово, кое е затворено и не работи. Повредени лица нема, а од пожарот настанало оштетување на патничко возило „поло“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.Т.(44) од Тетово. Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.
……
Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со засилените контролни активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот во поширокиот Полошки регион. Така, вo текот на викендот (06/07.08.2024), во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола во однос на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани 3 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2), а возилата веднаш биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 18 останати прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-11).
На сите возачи-прекршители им биле изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат и со заштитна мерка „забрана за управување“ во времетраење од 3 до 12 месеци, зависно од процентот на присуство на алкохолот во крвта.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да не седнуваат зад воланот ако се под дејство на алкохол затоа што алкохолот го намалува видот и рефлексите при управување со моторно возило и може да е причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, со што ќе придонесат за нивната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
……