Соопштение на СВР Тетово 10 јуни 2024
На 09.06.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 16.00 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, И.М.(22) од с..Мала Речица, тетовско, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 09.06.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Жеровјане, Н.К.(62) од Тетово пријавил дека околу 19.35 часот на патот од тетовско Радиовце кон Тетово бил физички нападнат од Е.А. и Е.А., двајцата од с.Радиовце, кои му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.06.2024 во 23.15 часот во СВР Тетово, Ш.С.(54) од Тетово пријавил дека на Градскиот плоштад во Тетово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.