СВР Тетово информира за сообраќајка со повреден моторџија и повеќе пријавени физички напади.
На 08.08.2023 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во тетовско Милетино, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Л.Н.(24) од Тетово, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Вчера (08 август) во 17.20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(18). Тој се сомничи дека десетина минути пред тоа пред угостителски објект се обидел да со метален предмет да го нападне Д.А.(24) од Тетово. Предметот бил пронајден и одземен, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска (09 август) во 02.30 часот во СВР Тетово, Е.А.(19) од Тетово пријавил дека околу 00.30 часот во спортска сала на излез од Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Ј. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Ноќеска (09 август) во 01.30 часот на улица „120“ во Тетово, И.И.(32) од тетовско Џепчиште на полициски службеници од СВР Тетово лицето пријавил дека во 00.30 часот во неговиот угостителски објект и на паркинг пред објектот бил физички нападнат од Ф.З. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.