Соопштение на СВР Тетово 5 јуни 2024
На 04.06.2024 во 12.00 часот во СВР Тетово, Д.С.(31) од Тетово пријавил дека на улица ,,ЈНА“ во Тетово бил каснат куче скитник.
На 04.06.2024 околу 16.00 часот во СВР Тетово, Ѓ.А.(72) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возило, бил физички нападнат од неговиот сосед П.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.06.2024 во 18.20 часот во СВР Тетово, Б.С.(40) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот, М.З. и нејзиниот син А.З. од Тетово во дворот од неговата куќа го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон членовите на неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.06.2024 во 21.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Ф.Б.(18) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од две жени од Тетово дека околу 17.00 часот пред основно училиште се самозадоволувал.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.