На собраниска седница за државен јавен обвинител беше избран Љупчо Коцевски од Тетово. Тој беше избран со 62 гласа „за“ на денешната 140. Пленарна седница.
Коцевски доаѓа од позицијата обвинител во републичкото јавно обвинителство. Тој беше адвокат во Тетово над 15 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Во републичкото обвинителство има работено неколку години.
До извборот на собраниска седница дојде откако беше распишан оглас од страна на Собранието. За функцијата се пријавија и обвинителките Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје и Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје.
фотографија принтскрин од www.360stepeni.mk