Деновиве преку социјалните мрежи голем број лекари и медицински персонал како и граѓани на Тетово пишуваат пораки за поддршка за Бобан Вучевски, кој е меѓу обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово заедно со директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми.
Во своите пораки овие луѓе порачуваат дека докторот Бобан е тој што правел натчовечки напори и им помагаше на пациентите за време на целата пандемија и дека спаси многу човечки животи.
-Тој д-р Боби го запостави семејството, децата, служејќи му на народот, присутен по 24 часа во болница со безброј визити од глава на глава на пациентите, анализи на крв, сатурации кислороди и не знам што се друго. Одговарајќи на секого на телефон со смиреност и посветеност за и околу лечењето на било кој пациент. Тој беше ангажиран да ние персоналот бидеме безбедни и покриени со материјали, храна и вода од страна на самоволни донатори што ни ја носеа, а се што нему му даваа како благодарност тој го оставаше на маса. На Боби треба да му се даде плакета за пожртвуваност и храброст, а не да се суди за било што, се вели во една од Фејсбук пораките, објавена од Јовица Ефкоски, дел од медицинскиот персонал во Тетово.
-Поддршка за нашиот брат, колега, човек со големо срце.Издржи Боби, Тетово е со тебе, пишува и д-р Далибор Смилевски.
Докторот Вучевски е обвинет за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија во врска со пожарот кој се случи на 8 септември минатата година.
ас