• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

„Тетово сака парк“: Факти за разобличување на лажната суспензија на ДУП за УБ.57а Шик Јелак

18/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ со реакција на третата суспензија на ДУП за УБ57а односно за локацијата ШИК Јелак. „Тетово сака парк“ смета дека триумфално се претставува ново урбанистичко насилство во Тетово.

Општината повторно суспендира дел од ДУП за УБ 57а (ШИК „Јелак“) и почнува постапка за нов, наводно хуман ДУП на истиот опфат, чиј Нацрт е веќе објавен на веб-страната на Општината. Суспендираниот ДУП е криминален и штетен, па не треба многу за било кој нареден предлог да биде подобар од него.

Триумфализмот кој ни го промовира Општината е непотребен. Иако во новопредложениот ДУП има козметички подобрувања, тоа не значи дека тој е навистина добар. Дополнително, суспензијата на претходниот ДУП не спречи градење на опфатот, како што веќе се гледа. Секој кој поминал на крстосницата помеѓу ул. „29 Ноември“ и бул. „Видое Смилевски-Бато“ забележал градежна офанзива. Цврсто стоиме на ставот дека појдовна грешка со овој опфат е сторена со Измената на ГУП за посочениот опфат од февруари 2017 кога без никакво образложение се пренаменети индустриски зони во зони за домување (извадок на една од фотографиите во прилог).

Но, Општината не е обврзана да спроведе штетен ГУП преку носење на ДУП-ови врз основа на него. Судбината на еден опфат не е запечатена со носење на ГУП и Општината не мора да носи вакви ДУП-ови! Напротив, може да го смени ГУП-от, и опфатот да го зонира на начин кој навистина ќе донесе можности за хуман развој на жителите, а не на поединци! Општина која служи на своите граѓани токму така би постапила?

Неколку факти и прашања: Нацртот на новиот ДУП предвидува 94 444 метри квадратни станбена површина. Реалноста е дека на овој опфат ќе има повеќе метри квадратни станбена површина, бидејќи во дадената квадратура не се пресметани еркерни исфрлувања. Најобичната математика вели дека во преку 120 000 метри квадратна површина може да се сместат најмалку 1 500 станови. Во Нацртот стои паушална и неточна ориентациона бројка од 366 домаќинства. Пописот на населението во 2022 година покажа дека во Тетово има 9 747 празни станови. Колку од овие новоизградени најмалку 1 500 ќе останат невселени? Ако навистина се вселат сите, тоа не се нови 1 574 жители како што милуваат да пресметуваат планерите (60 метри површина по жител!) туку на реалната површина (не дадената од 94 444) тоа би биле најмалку 5 000 нови жители. Дали градот може да ја издржи таа концентрација на население таму?

 

Зошто се предвидува огромен трговски центар на булеварот „Маршал Тито“, знаејќи дека тоа дополнително ќе го оптовари, кој и онака е веќе оптоварен поради тоа што е излез кон главниот град, како и поради Градскиот пазар и другите трговски центри („Палма“, „РЕМ“? Општината сега потврдува дека земјиштето е во доминантно државна сопственост, претходно потсетете се дека го негираше тоа. Новиот ДУП ја игнорира државната сопственост, и на државно земјиште предвидува станбени згради, наместо парк.

Дали некои од посочените растојанија од фотографиите Општината навистина ги смета за хумани и безбедни при несреќи? Што е со осончувањето, протокот на воздух, приватноста, опасноста од земјотреси и пожари? Сообраќајната инфраструктура не може да опслужи цела нова населба, а и без неа веќе има сериозен проблем. На бул. „В.Смилевски-Бато“ („Индустриска“) денес има две коловозни ленти, замислете колкав би бил протокот кога истите треба да ги користат уште 5 000 луѓе, а поради продавниците на приземјето на сите нови згради, десната лента ќе се користи за паркирање и запирање. Бонус факт: Нацртот на новиот ДУП предвидува станбено-деловна зграда од П+8 ката на земјиште со друга намена во последната Измена на ГУП-от.

Чиј интерес е ваквото еклатантно, физичко кршење на планот од повисок ранг (кој секако е штетен и без да се крши!)? Се работи за зграда со предвидени 7 817 метри квадратни бруто, кои поради еркерните исфрлувања, може да станат и до 10 000? Колкав криминал е ова? Советниците се поделиле на едни кои гласале „за“, и други кои гласале „воздржани“ по ваквиот Нацрт на ДУП. Зарем ниеден советник немаше храброст да се одважи и да гласа против ваквиот Нацрт на ДУП? Загрижува ваквата ситуација: едните поддржуваат ваков ДУП, другите не ни имаат став. Да не знае човек што е потрагично. Ќе видиме до конечното гласање на ДУП.

ВАЖНО: Граѓаните можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по објавениот Нацрт-план во писмена форма или електронски до веб-страната на Општината во периодот од 20.10.2023 г. до 20.11.2023 г. Јавната дебата ќе се одржи на 24.10.2023 г. во 11:00 во просториите на Општина Тетово. Во прилог ја објавуваме и Одлуката за тоа. Ја чекаме Општината да го објави формуларот за анкетен лист, па наредните денови ќе објавиме и подетални насоки како може да се поднесат забелешките. Го повикуваме секој оној кој смета дека треба да реагира – да го стори тоа. Поубав град нема да ни падне од небо

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Од 11 до 16 часот контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, казни за три неисправни возила

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
6 ° c
88%
0.65mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!