• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Тетово сака парк“ за локалните избори : Граѓанинот се разочарува од отсуството на слух кај неговите претставници и игнорирањето на барањата

24/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ во соопштение до јавноста оцени дека малата излезност на вонредните избори за Совет на Тетово е одраз на граѓанската разочараност.

-Граѓаните без голем мотив и во мал обем одлучија да изберат свои претставници во Советот на Општина Тетово. Вкупно 8.660 граѓани кои пред само 10 месеци бирале свои претставници, овој пат се одлучиле да не гласаат. Вкупно 54.381 воопшто не гласале, со оглед на вкупниот број на избирачи 84.071. Граѓанинот се разочарува од отсуството на слух кај неговите претставници и игнорирањето на барањата, порачаа од „Тетово сака парк“.

Според нив, сега граѓаните од избраните советници очекуваат оправдување на довербата. Им порачаа да посветат внимание на иницијативата за формирање на градски парк.

-Во вакви апокалиптични услови избраните советници треба да сфатат дека укажана им е голема чест и од нив сепак се очекува, од една рака оправдување на довербата, а од друга – причини зошто на следните избори луѓето да излезат и да поддржат некој кандидат, да видат дека гласот понекогаш носи промена. Времето минува брз.  Во пресрет на формирањето на коалиција која ќе има мнозинство јавно апелираме во преговорите сериозно место да се посвети на хуманизирањето на просторот, зазеленувањето на градот и формирањето на прв вистински градски парк, посочија од иницијативата.

Иницијативата ,,Тетово сака парк” на советниците им порача дека се отворени за соработка во насока на задоволување на очекувањата на граѓаните за хуман животен простор.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Приведен крадец од Тетово за издржување на пет години и осум месеци казна затвор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.