Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами на прес-конференција порача дека за надминување на проблемите со бездомните кучиња локалната самоуправа очекува помош и поддршка од јавноста и централните институциите. Тој рече дека општината работи на справување со проблемот, прифаќа критики, но смета дека има и тенденциозно информирање, креирање невистинита слика, како и соочување со несовесни постапки од граѓаните.
-Таков е примерот од пред неколку дена, во објавено видео на социјалните мрежи во кое не се гледа јасно дали лицето кое го нападнале кучиња, намерно ги испровоцирал или навистина се нашол во незгодна ситуација. Лицето иако тврдело дека неколкупати досега било нападнато, нема поднесено ниту една пријава за напад до општината, Клиничката болница или пак до СВР Тетово. За сите вакви нејасни случаеви општината ќе истражува и ако најдеме докази за злоупотреба на вистината, соодветно ќе реагираме. Добро ќе беше фокусот да го насочевте истражувајќи за тоа кој носи кучиња од други населени места, односно за се она што може да ни помогне да го решиме проблемот. Нема никаква потреба констатно да се сомневате во сето она што го работи општината за решавање на овој и другите проблеми. Барем еднаш да покажеме заедништво и соработка, која сигурно ќе резултира со позитивни резултати. Почнавме сериозен проект, па ајде заедно да го решиме, истакна Касами.
Тој посочи дека ова е национален проблем и без соработка со другите институции не може да го решат локално, особено поради појавата на носење на кучиња од други градови.
-Затоа бараме поддршка од граѓаните и од централната власт и од полицијата за да ги лоцираме сите тие сомнителни возила кои ги носат од други локации. Ние да обезбедиме милион евра од нашиот буџет нема да го решиме проблемот, затоа што имаме искуство-од моментот кога почнавма да ги заловуваме ваквите кучиња се зголеми бројот што е реално издржано сомневање дека се носат од кучиња од други општини. Колку повеќе ќе го зголемиме бројот на кучиња кои ќе ги уловиме толку повеќе ќе се зголеми носење од надвор, затоа што полесно поевтино е за другите градови да му дадат некому 1000 евра за да 10 -20 кучиња во комбе носи во друг град. Ни треба поддршка од граѓаните, од полицијата, од медиумите за се сомнително што се однесува во делот на решавањето на кучиња скитници да ни помогнат, истакна Касами.
На новинарските прашања дали има докази за носењето кучиња од други места и пријава до полицијата за тоа, Касами рече дека имаат видео материјали за кои надлежноста е во полицијата.
-Имаме сомневања и пријави од граѓаните. За докази е полицијата, затоа што полицијата може да запре возила, полицијата може да запре граѓани, да ги идентификува, тие се институциите кои можат да имаат докази дали некој носи или не носи. И некои слики и видеа што ни ги пуштат граѓаните за нас не се доволен доказ да го пријавиме во полиција затоа што таму тешко е да се идентификува кој што е и затоа оваа проблематика може да се реши носењето од надлежните институции, рече Касами.
Градоначалникот вели дека се уште се работи на идејата да има регионален центар за справување на кучиња скитници на сите полошки општини. За тоа се очекува во една од општините земјдеолско земјиште да се пренамени во градежно земјиште процедура, а за понатамошните процедури има средства од швајцарска амбасада.
ас