Женскиот градски младински хор „Менада” од Тетово одржа концерт во Загреб, Хрватска. Нивниот настап е по покана на Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб кои викендов организираа свеченост по повод нивниот ден на основање 7 октомври.
-Концертот и свеченоста беа организирани од Светот на македонското национално малцинство во Град Загреб во соработка со Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, македонското Министерство за култура и Македонската православна црква во Хрватска. Покрај Денот на Советот концертот беше и во чест на претстојниот македонски државен празник 11 Октомври и денот на заштитничката на на Македонската православна црковна општина (МПЦО) во Загреб Свети Злата Мегленска, информираа од хорот.
Концертот на хорот под диригентство на Ивица Зориќ беше одржан во македонската црква Света Злата Мегленска во Загреб, а хористките исполнија 16 композиции.
ас