Александар Ристовски, 17 годишен ученик во трета година во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј во Скопје е единствениот претставник од тетовскиот регион кој ќе настапи на концертот „Младите доаѓаат“ што оркестарот на Македонската Филхармонија го прави со вклучување на учениците од средните музичките училишта.
Концертот ќе се одржи на 6 јуни во Филхармонија, а диригент е Ангел Спироски.
Александар Ристовски е единствениот кој свири на кларинет, инаку трета година од класата на професорот Благојче Трајковски.
„Ова не е обичен концерт, туку концерт со Македонската Филхармонија, што претставува најголем дострел за еден средношколец. Сето ова беше возможно благодарение на вложениот труд на мојот професор Благојче Трајковски, на кого сум ми многу благодарен“, изјави Александар Ристовски за Тетово инфо.
Тој на концертот ќе се претстави со К. М фон Вебер: Кончертино за кларинет и оркестар во Es-dur, оп. 26
На „Младите доаѓаат“ заедно со Оркестарот на Македонската Филхармонија ќе настапат вкупно 11 ученици од средните училишта. Програма е објавена на интернет страницата на Филхармонијата.
ас
фото: приватна архива