• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Трет ден активен пожарот на депонијата во Волковија, Тетовско се гуши во чад и непријатна миризба

24/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Запалениот смет на депонијата кај тетовско Волковија трета ноќ по ред гори и чади. И понатаму, во зависност од ветер, чадот и непријатната миризбата се шират низ целата полошка котлина, Тетово и Гостивар како и селата помеѓу двата града.

Од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека во текот на вчерашното попладне и ноќеска се гасат делови од депонијата и во одредени специфични ситуации согласно потребите.

– Уште е активен пожарот, сè уште има оган и чад на депонијата. Камиони на тетовската пожарна одат често за да интервенираат. Чадот се шири цела ноќ и претставува големо загадување на воздухот во Тетово особено, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Според него за целосно гасење на огнот потребно е да се заврши  со постапката на затрупување на запалениот смет во дупка.

– Денес контактирав со сопственикот на депонијата, продолжува со ангажирањето да најде багери од други компании за да се затрупа најголем дел од отпадот, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Само до вчера, четврток, ТППЕ Тетово интервенираше на депонијата со 40 камиони кои имаат капацитет да носат десет тони вода. Депонијата се запали во вторникот еден час по полноќ.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

За попречувањето новинари, прекршочна пријава доби сопственикот на депонијата која гори во Тетовско

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!