Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 16 октомври
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (16 октомври) околу 21 часот на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода А.Х.(42) од Тетово, И.А.(38) од тетовско Теново и И.А.(56) од Гостивар затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.
Вчера (16 октомври) околу 20 часот и 30 минути на улица „133“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој бил затекнат при обид да одземе патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што оштетил и друго возило со тетовски ознаки, паркирано во близина. Подоцна, кај малолетникот било пронајдено патничкото возило „опел астра“ со тетовски ознаки, кое вчера (16 октомври) беше пријавено за одземено на улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Пронајденото возило му е вратено на сопственикот М.И.(63) од Тетово, а малолетникот е задржан во Полициската станица Тетово. Инаку, претходно во 13 часот и 35 минути малолетникот бил пријавен од неговата 44-годишна мајка дека се оддалечил од дома.
Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера (16 октомври) во 11 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека во домот на нејзините родители во друго село, каде моментно престојувала, нејзиниот 37-годишен сопруг В.З., со кого била во бракоразводна постапка, се однесувал агресивно и ѝ се заканувал. Пријавениот В.З. во 22 часот се пријавил во полициска станица за расчистување на случајот.
Вчера (16 октомври) во 7 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавена е тешка кражба во трговски објект во тетовско Желино, од кој биле одземени пари и повеќе производи. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.