Денес се одиграа натпревари во одбојка и кошарка помеѓу учениците од тетовските основни училишта како дел од активностите по повод 80 години од ослободувањето на Тетово. Натпреварите, а воедно и дружбата на учениците се одржаа во спортската сала на ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово.
Добредојде и благодарност за придонесот во одбележувањето на големиот јубилеј на учениците спортисти им посака Лилјана Симовска, претседателка на претседателството на Сојуз на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово.
„Да имате фер игра, да се дружите и да го сфатите како еден вид на забава“, порача Симовска.
Спортскиот работник во атлетиката Крсте Серафимовски во пригодното обраќање на отворањето на натпреварите им порача на учениците да се занимаат со спорт.
„Верувам дека некој од оваа генерација ќе биде дел од репрезентација на Македонија затоа што Тетово е спортски град. Не само во одбојка,скијање, атлетика, гимнастика и фудбал, туку во сите спортови. Да продолжите да се занимавате со спорт. Спортот е многу племенит и е многу корисен за секој ученик и ученичка. Затоа продолжете да се заминавате со спорт, порача Крсте Серафимовски.