Соопштение на СВР Тетово 1 јули 2024
На 30.06.2024 во 12.45 часот во Полициско одделение Жеровјане, Ц.Т. (55) од Гостивар пријавил дека на 29.06.2024 околу 21.00 часот, на фарма во тетовско село, бил физички нападнат од неговиот колега Љ.И. (50). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 30.06.2024 во 10.15 часот во Полициски одделение Галате, М.Ш. (60) од гостиварско Врапчиште пријавил дека претходниот ден околу 17.00 часот Б.Н. од гостиварско Галате агресивно се однесувал кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 01.07.2024 во 05.20 часот во СВР Тетово Ф.С. (68) од Тетово пријавил дека од пред неговиот дом било одземено патничко моторно возило „клио“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 30.06.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, А.С. (55) од Гостивар пријавил дека на кејот на реката Вардар бил каснат од куче скитник.