• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Универзитетот во Тетово потпиша меморандум за соработка со Генералниот секретаријат на Владата

Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Јусуф Зејнели со генералниот секретар на Владата м-р Методија Димовски потпиша Меморандум за соработка.

20/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Јусуф Зејнели со генералниот секретар на Владата м-р Методија Димовски потпиша Меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е остварување на соработка меѓу Факултетот и Генералниот секретаријат во однос на размена на искуства, знаења, едукација и обука на кадри од областите во кои двете страни имаат стратешки, програмски, кадровски и други потенцијални интереси.

-Овој Меморандум претставува рамка за соработка преку која страните имаат стратешки и програмски интереси, како и кадровски и други потенцијали. Соработката која ќе произлезе од овој Меморандум ќе се реализира преку спроведување на взаемна и ефикасна размена на знаења и искуства. Со заедничка заложба ќе се стремиме кон унапредување на високообразовната, научно-истражувачката и апликативната дејност на Факултетот и унапредување на ефикасноста и ефективноста на јавниот сектор преку заедничко дејствување, организација на едукативни активности за практично усовршување кое ќе го поттикне процесот на едукација на администрацијата во насока на организирање и спроведување едукативни активности, соопштија од Универзитетот.

Ректорот Зејнули работната посета на Генералниот секретаријат ја направи придружуван од деканот на Факултетот за бизнис администрација, проф. Др. Љокман Ебиби, проф. Др. Јахи Јахиу и раководителот на Канцеларијата за меѓународна соработка, доц. Др. Хатибе Деари-Зеќири.

 

Поврзани објави

Вести

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле, Општина Желино

29/11/2023
Вести

Полицајци ги едуцираат средношколците за меѓуетничка толеранција

29/11/2023
Вести

Приведен малолетник поради најдена дрога

29/11/2023
Вести

Полицајци фатиле 29 годишник при кражба во подрум во зграда

29/11/2023
Вести

За сквернавењето на црковното знаме на Попова Шапка лишен од слобода 33 годишник од Мала Речица

29/11/2023
Вести

Поставено ново знаме со грбот на МПЦ на јарболот пред црквата на Попова Шапка

29/11/2023
Следна објава

Тетовски театар со осмо издание на Меѓународниот театарски фестивал

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
broken clouds
4 ° c
86%
3mh
53%
11 c 3 c
чет
16 c 10 c
пет
17 c 9 c
саб
12 c 7 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!