Вчера (31 октомври) од 9 до 13 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 4 возила (ТЕ-2-ГВ-2) со неатестирани фолии поставени на стаклата, 2 возила (ТЕ) со истечена регистрација, 1 (ТЕ) технички неисправно возило, 2 лица (ТЕ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 2 (ТЕ) возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 1 (ТЕ) возач кој не ја носел со себе дозволата и 3 (ТЕ) непрописно, односно погрешно паркирани возила.
Покрај ова, санкционирани се и 32 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-7).Најголемиот број од овие прекршоци (20) се однесувале на зборување на мобилен телефон при возење, а преостанатите на некористење на сигурносен појас.
Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со континуираните контролни активности во чие средиште ќе биде техничката исправност на возилата и посебно на оние кои вршат јавен превоз на патници, но и користењето на мобилните телефони од возачите.