Прес-конференција на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Тетово, Александар Велјановски:
Денешниот ден го започнавме во населеното место Јелошник каде се чествуваше православниот христијански празник Благовештение или меѓу народот познат како Благоец кој означува добра вест или блага вест.
Нека овој ден претставува предзнак на само добри вести кои ќе случуваат во идниов период одкако кандидатот за Претседател на Република Македонија на Коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува победа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја составува следната Влада на Република Македонија.
Тука сме на дружење со младите од Тетово, да ги слушнеме нивните сугестии преку кој ќе се креираат нови младинските политики за подобрување на животот на младите, стопирање на трендот на иселување во странство. Оваа позитивна атмосфера треба да биде мотив плус да се заложиме Македонија повторно да биде горда.
Во изминативе 7 години СДСМ не го подобри животот на младите и дополнително го влоши при што ја зголеми стапката на иселување. ВМРО-ДПМНЕ нуди и се залага младите својата перспектива да ја гледаат во Република Македонија, да бидат горди на своите квалитети и вештини и со свој исчекор да допринесат за развој на државата.
Овој пат СДСМ се свесни за лошиот резултат кој ќе го испорачаат граѓаните на нивното конто и затоа со црна кампања и измислени приказни се обидуваат да го намалат овој резултат. Лажни кампањи веќе не поминуваат кај тетовчани.
Сакаме да потсетиме дека ние сме политичка партија свртена кон иднината, кон младите, само ВМРО-ДПМНЕ како предводник на Коалицијата “Твоја Македонија” ќе ја направи Македонија повторно горда. ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓаните, тука сме да ги слушнеме пофалбите, но и критиките кои не прават да бидеме уште подобри во иднина.
Во текот на вчерашниот ден ги посетивме жителите на населените места Колтук, Пржова Бавча и Сараќино, приемот од граѓаните беше одличен и позитивен, според досегашните контакти со нив на претстојните парламентарни и претседателски избори на 24 Април и 8 Мај, победата е сигурна.
Во попладневните часови продолжуваме со промоција на политиките кои ги застапува нашиот кандидат за Претседател, Гордана Силјановска-Давкова во населеното место Фалише.
Победата ќе биде голема, затоа што сме на страна на народот, но и народот е на страна на ВМРО-ДПМНЕ.