По објавата на Тетово инфо во јануари за поплаките на граѓаните дека улиците околу подрачјето на Стара градинка, се во катастрофална состојба, викендов почна обнова дел од улиците. Општината објави дека се прави рехабилитација на „Бане Стефановски“ и „Андреа Ристовски“. Преостанува да се работи и на „Љубо Божиновски-Пиш“.
-Работата за обнова на патната инфраструктура во нашиот град продолжува и за време на викендот. Денеска започна рехабилитацијата на улицата: „Бане Стефановски“ (од ул. Љ.Б.Пиш до ул. Борис Кидрич) – брусење и асфалтирање и улица „Андреа Ристовски“ (од ул. Б. Стефановски до бул. „Б. Тоска“) – брусење и асфалтирање. Се обврзавме и еден по еден ги решаваме наталожените проблеми во нашиот град. Чекор напред кон безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на граѓаните. Работа, работа и само работа, се вели во објавата Општина Тетово.
Огромни дупки на улиците околу Стара градинка, граѓаните бараат итна санација