Наставниците и вработените во ОУ „Лирија“ – Тетово со последен поздрав се простија од колешката во пензија, наставничката Трпана Ацеска која неодамна почина.
-Со голема жалост ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и драга колешка во пензија, наставничката Трпана Ацеска која 40 години работеше во ООУ ,, Лирија “која со нејзината посветена работа во забавиштето остави зад себе многу генерации на успешни ученици. Нејзините успеси во воспитно образовната работа ќе останат длабоко врежани во нашите сеќавања. Почивајте во мир. Последен поздрав од вработените во ООУ.,,Лирија “ Тетово.