Соопштение на ВМРО Народна партија-Тетово:
Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово длабоко е разочаран од меѓусебното сосема непотребно напаѓање на СДС и ДПМНЕ по повод незаконската одлука за рушење на светиот крст поставен во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски Чудотворец на месноста Попова Шапка.
Наместо заедно општинските организации на ДПМНЕ и СДС со своите пратеници и советници да дејствуваат во насока на поништување на одлуката за рушење на светиот крст, тие прават непотребни прес конференции на кои меѓусебно се напаѓаат и бараат виновници, со што дополнително ги иритираат православните христијани. Со тоа одат спротивно на волјата на Македонците од Тетово и пошироко кои токму во вакви моменти очекуваат сплотеност на сите македонски партии.
Сакаме на сите оние, и од локална и од централна власт, кои мислат дека со носењето на срамната одлука ќе успеат во нивната намера за рушење да им порачаме дека ВМРО Народна партија, заедно со Македонците и останатите православни христијани ќе застане во одбрана на светиот крст.