• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во 2022 година 2520 единици крв се дарувани на тетовското подрачје

09/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во 2022 година вкупно се собрани 2520 единици крв на  подрачјето на Тетово и петте рурални општини, бележи Општинската организација на Црвен крст Тетово. Сите крводарителски акции се спроведени во соработка со стручните тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово. Трета година по ред се зголемува бројот на собрани единици крв.

-Во текот на 2022 година организирани се 36 крводарителски акции во служба за трансфузија во Тетово и на акции на терен во континуитет во текот на цела годината, при што собрани се 2520 единици крв. Минатата година е трета по ред како се бележи зголемување бројот на единици дарувана крв. Во 2021 година имаше собрано 2477 единици крв, додека во 2020 година имаше 2121 единици крв, информира Шкљќим Мурати, секретар во општинската организација на Црвен крст Тетово.

Организацијата во рамки на останатите редовни активности постојано делеше помош на социјално загрозени семејства како и на раселени лица од Украина во тетовскиот регион.

Во текот на 2022 година организирани се обуки за пружање на прва помош на ученици во основни и средни училишта во тетовскиот регион како и за ново примени пожарникари, а обучени се нови волонтери.

-Волонтерите на ОО Црвен крст Тетово учествуваа на симулациска вежба во случај на катастрофи, потоа на караванот за вакцинација за сезонски грип и КОВИД од Министерство за здравство, давање поддршка на основни училишта за хуманитарни активности, активност за зајакнување на капацитетите на нови волонтери и уште неколку слични активности, изјави Мурати.

Општинската организација на Црвен крст Тетово во 2022 година ги има одбележано и традиционалните недели и денови,турнир во одбојка и други активности.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

За пребрзо возење 23 казни-тројца возачи се движеле со 70 км/ч повеќе од дозволеното

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.