• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во 2022 година СВР Тетово откри 505 возачи под дејство на алкохол, 37 повеќе од 2021 година

Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра.

20/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година.

Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираноста.

-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им укажува на возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторни возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите и недоволно искусни возачи-почетници, но и воопшто. Лани поради вакви или други пропусти и недостатоци биле исклучени и 453 возачи- почетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Глобата за оние кои одбиле да се алкотестираат изнесува 500 евра во денарска противвредност.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава
Водици Раотинце 2023

Водици во Сараќино, Стенче, Туденце, Одри и Раотинце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.