Тетово инфо, 8 март 2024
Мини депониите кои изминатиов период се создаваат околу контејнерите се должи на тоа што немало каде се носи сиот отпад од градот, тврди градоначалникот Биљал Касами. Сега, надминат е тој проблем кој според Касами, го имале со депонијата Русино па ќе се носи целиот отпад од Тетово.
„Во ова време и транзитниот центар беше преполн, во депонијата Русино имаше една наредба од директорот да не носиме повеќе од 40 тони, а 100 тони имаме на ден. Го имаме решено тоа веќе депонијата Русино прифаќа целиот смет што го носиме ние така таа веќе сега е ставено во нормала. Работиме во ноќни часови, за тие мали депонии, една по една, да се расчистат и да се стави во нормала, за да јавното претпријатие, односно во моментот приватниот оператор да може да менаџира во делот на чистење на контејнерите. Така овие 2-3 денови сè ќе биде ставено во нормала. И ако има ситуација да има некој дел каде нема да стигнат да го исчистат, ќе бидеме во контакт да интервенираме и тоа да се среди“, посочи Касами на новинарските прашања по денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената.
Реорганизацијата во ЈКП Тетово ќе донесе повеќе прилика за работа на уредување и создавање зелени површини како и чистење на јавните места, смета Касами.
„Ќе има посебен акциски план за озеленување, за садење на цвеќиња и дрва и сè во делот на тоа да и понатаму значи да бидат така организирани за да го одржуваат тоа. Затоа што има ситуации каде што ние имаме засадување цвеќе и дрвја но немаше организациска поставеност за да може тоа да го одржуваат. Беше нели оставена како такво и од несовесни граѓани, но сега веќе работиме сериозно тој дел од претпријатието, јавното комунално претпријатие што остана да биде така организирано, да не само за засадиме и озеленуваме површини, туку и луѓето да бидат одговорни во делот на перманентно одржување’, истакна Касами.
За подобра комуналната хигиена Касами рече дека ќе се распределат нови 400 контејнери низ градот.
„Сите делови на Тетово ќе бидат покриени со нови модерни контејнери и во оваа ситуација прилика ја искористувам за да уште еднаш ги повикувам граѓаните, да не фрлаат ѓубре каде што не е место да има ситуации полно каде имаме празни контејнери околу контејнерите мала депонија. Ги молам да каде што има контејнери да фрлат ѓубрето во контејнер за тоа што е дупло повеќе ангажман на вработените да го соберат тоа ѓубре надвор од контејнерите отколку во контејнерите. Јас гарантирам дека за брзо време ова ќе се стави во нормала и ќе профункционира најдобро што е можно“, истакна Касами.
Тој повтори дека големите административните процедури го отежнуваат нормалното функционирање на новото претпријатие предводено од австриско-словенечката фирма Заубермахер.
ас