Соопштение СВР Тетово 3 јуни 2024
Вчера (02 јуни) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 10 возачи (ГВ) кои ја пречекориле пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 44 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-5). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (02-јуни) во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ГВ-2) кои управувале без да положен возачки испит и 1 (ТЕ) мотоцикли со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Исто така, при контролата биле констатирани 16 (ТЕ-7 и ГВ-9) останати сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни законски поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќај.
На 02.06.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Јегуновце, Р.Р.(30) од тетовско Јегуновце пријавила дека во селото била касната од куче скитник.