На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (29 ноември) од 8 до 12 часот спроведе е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња. При контролата откриени и законски санкционирани биле 11 технички неисправни возила (ТЕ-6 и ГВ-5).
Седум од нив имале неисправни сопирачки (ТЕ-5 и ГВ-2), 2 (ТЕ) неисправни светлосни уреди, 1 (ТЕ) бил со истечена регистрација и 1 (ГВ) со неизвршен технички преглед.
Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните и одговорните лица изготвени им се соодветни поднесоци. Глобите за техничка неисправност се движат од 120 до 400 денари во денарска противвредност.
При контролата, исто така, со адекватни поднесоци заокружени се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-1).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со повик и укажување до учесниците во јавниот превоз на патници редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата во кои превезуваат патници и да ја прилагодат брзината според условите на патот, но и возилата да ги управуваат лица со соодветна возачка категорија