Во рамките на вчерашните (2 декември) сообраќајно-контролни активности спроведени на подрачјето на СВР Тетово вкупно биле откриени и санкционирани 16 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-12 и ГВ-4), од кои 5 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час.Покрај ова, санкционирани се и 4 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место.Со соодветни поднесоци, исто така, биле заокружени и 90 други видови прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-52).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и непотребно да не брзаат.Зашто, и годинава најчеста причина за случените сообраќајни несреќи беше токму неприлагодената брзина и посебно за оние несреќи со најтешки последици.Ова, дотолку повеќе што на подрачјето претстои период на зголемена фрекфенција од возила, со напомена патем дека без исклучоци ќе се санкционираат сите пречекорувања на брзината со поднесоци и парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, но и со времено одземање на возачките дозволи од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
…