По Општина Боговиње, денес и Општина Теарце доби канцеларија за бесплатна правна помош. И оваа канцеларија се отвара со поддршка на Советот на Европа и тука жителите на оваа општина ќе можат да ги добијат бараните информации а исто така тука им е обезбедена и бесплатна правна помош и за начинот на кој да ги остварат своите права.По Општина Боговиње, денес и Општина Теарце доби канцеларија за бесплатна правна помош. И оваа канцеларија се отвара со поддршка на Советот на Европа и тука жителите на оваа општина ќе можат да ги добијат бараните информации а исто така тука им е обезбедена и бесплатна правна помош и за начинот на кој да ги остварат своите права.
-Нашата агенда почна во Општина Боговиње, а денеска ја отвораме канцеларијата за бесплатна правна помош и во Општина Теарце. Сите граѓани на оваа Општина ќе имаат можност оваа услуга да ја добиваат во реално време и блиску до нив. Бевме во Боговиње, денес сме во Теарце а во петок во Гевгелија и понатаму најавуваме дека во секоја општина во Македонија ќе отвориме вакви канцеларии за бесплатна правна помош. Исто така подготвуваме и едно комби возило, каде оваа услуга ќе се дава мобилно во секое населено место“, изјави министерот Кренар Лога.
Овие канцеларии се проект на Советот на Европа за консолидација и поефикасен систем за бесплатна правна помош со цел зајакнување на пристапот до правдата. Оставањето вакви канцеларии е поддржано и од власите на Република Северна Македонија и Министерството за правда.
-Општина Теарце обезбеди простор каде ќе бидат сместени вработените од Министерството кои ќе ја нудат услугата со граѓаните. Ние, не само од Министерството за правда, туку и од сите други министерства побаравме сé тоа што е потребно за граѓаните но не само од нашата Општина, туку и регионално, што може да биде пристапно истото да го добијат во нашите простории. Успеавме, со максимална ангажираност на Министерот кој се заложи и другите правно имотни проблеми кои ги имаме со основните училишта и со канцелариите за матична евиденција да се решат во наредниот период“, изјави градоначалникот на Општина Теарце Нухи Незири.
Од Советот на Европа, кои го поддржуваат овој проект, велат дека овие канцеларии освен што ќе бидат место каде граѓаните ќе можат да се информираат тие ќе придонесат и за јакнење на свеста кај граѓаните за постоењето на бесплатната правна помош.
-Покрај отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Теарце со која значително ќе се зајакне пристапот до правдата на граѓаните кои живеат на оваа територија, ова ќе придонесе и за промоција на бесплатно правната помош, односно јакнење на свеста кај граѓаните за постоењето на бесплатната правна помош. Овде граѓаните можат да дојдат и да се информираат за тоа: Што е бесплатна правна помош? Каде да се обратат за неа? За кои прашања може да се обратат за бесплатна правна помош?“ изјави Ирена Цуцулоска Јакимоваска од Совет на Европа.
Освен отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош, Министерот Лога и градоначалникот Незири потпиша и меморандум за соработка со Општина Теарце.