Општина Тетово соопшти дека ангажирани се 43 луѓе со договор за дело за третиот квартал од 2022 година. Според нивната информација од јули до септември меѓу склучените договори 29 се однесуваат за нови ангажмани како пожарникари во Територијалната протвипожарна единица (ТППЕ) како најнужна потреба.
-Поучени од искуството со пожарите и поплавите кои ги имавме изминатиот период, а никаква помош и поддршка од Владата, моравме да се фокусиравме на засилување на потенцијалот и работна сила во тетовската пожарна, која имаше исклучително тешки задачи периодов.Токму со овие 29 договори во ТППЕ, успеваме да го надминеме недостатокот на човечки ресурси, а со тоа гарантираме поуспешна работа на нашите херои и поголема сигурност за граѓаните, велат од Општина Тетово.
Останатите ангажирани „договорци“ се во образование и агротуризам.
-Ангажиравме и експерти за агротуризам, откако увидовме дека овој сектор бил тотално заспоставен од предходното раководство. Земјоделството и руралниот туризам добиваат безрезервна поддршка. Неколку договори се склучени и во секторот Образование, каде исто работиме со полна пареа за подобри услови на наставниот кадар и учениците. Сите вработени со договор на дело, на крајот од секој месец уредно доставуваат извештаи за сработеното, се вели во информацијата објавена на општинската интернет страница.
Општината за првите три месеци објави список за склучени 78 договори на дело, додека за второто тромесечје ангажирала 14 луѓе по истиот основ. Со најновите, вкупно 135 луѓе работат од годинава за Општина Тетово со договор на дело.
ас