• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во петок ќе се одржи промоција на монографијата 30 години Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

01/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со промоцијата на монографијата Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово“  ги заокружува своите активности поврзани со одбележувањето на својот  голем и значаен 30-годишен јубилеј. За потсетување, во септември се оддржа свечен концерт по тој повод. Промоцијата е закажана на 2 декември 2022 година (петок) во 19:00 часот во големата сала на Општина Тетово.

„Монографијата е замислена како пишан споменик за сите членови кои со голем ентузијазам го градеа и ги испишуваа страниците на 30 – годишната историја на Здружението. Со нивната несебична работа, труд и залагање тоаостави своевиден препознатлив белег во културниот живот на градот и пошироко“, се вели во предговорот на монографијата од нејзиниот автор и актуелен претстедател на Здружението Соња Андонов,

Здружението е формирано 1992 година цел  развој на  активности од областа на  духовниот и културниот  живот, обичаите и меѓусебните  односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Во состав на Здружението успешно работи и културно-уметничкото друштво „Бранко Чајка“. На својот репертоар друштвото подеднакво го негува и српскиот и македонскиот  фоклор настапувајќи на бројни концерти во градот, регионот, Македонија, Србија и пошироко од каде добива значајни награди и признанија.

Учества и организирање разни манифестации од областа на фолклорот, Здружението своите активности ги насочува и кон спроведување други видови настани со што дава свој придонес во градењето на културата во градот. Покрај реализација на проектите коишто се однесуваат на негување на фолклорот, мошне успешно се реализираат и проекти кои се однесуваат на зачувување и негување на српскиот јазик кај припадниците на српската заедница на овие простори. Покрај тоа, во изминатите 30 години Здружението има реализирано и повеќе хуманитарни акции за што сведочат добиените плакети и признанија.

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

На 23 декември Новогодишен концерт ќе одржи КУД „Кирил Пејчиновиќ“ - Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.