• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во петок премиера на претставата „Бог на масакрот“ на Тетовски Театар

26/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Преку прес-конференција пред последната вечерашната проба актерите и режисерот ја најавија и промовираа премиерата на претставата „Бог на масакрот“ на Тетовски Театар којашто ќе се изведе во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Претпремиерата е утре четврток 27 април од 20 часот, додека премиерата е во петок 28 април исто така од 20 часот.

Режисер на претставата Милош Андоновски за прв пат соработува во Тетовски Театар, а потсети дека на текстот се работело од 20 март.

– Драго ми е за соработката со Тетовски Театар и што водев процес од месец и половина за да направиме претстава за еден од најпоставуваните текстови на француската авторка Јасмина Реза, „Бог на масакрот“. Текстот е напишан во 2006 година и Јасмина Реза е една од најпознатите француски автори и најнаградувана низ Европа и светот. Третира една вечна тема во кое било време, тема на родителството, на воспитувањето на децата. Има и други под-теми кои овој текст ги отвора како прашања но одлучивме да се држиме до начинот на воспитување на децата и како однесувањето на возрасните се пресликува во секојдневното функционирање на самите деца. Двата пара се среќаваат во паркот и да го средат односот меѓу децата, но излегуваат на виделина недоразбирања и несогласувања и сфаќаат дека можеби не се совршени партнери еден за друг, изјави Милош Андоновски.

Ликовите ги толкуваат актерите Ѓорѓи Нешкоски, Ирена Мирческа, Марко Богдановски и Миа Кантарџиева Петровска.

– Ова беше супер процес во Тетовски театар, се надевам дека нема да биде единствена соработка. Се надевам дека оваа претстава ќе живее, опфаќа една тема којашто не засега и е доста актуелна и јас уживав во процесот и креирање на самата претстава. Беше интересно да се види од едни деца кои се степале дека можеби и родителите во себе имаат нешто детско па ги тера да се однесуваат на оној начин на којшто се однесуваат, изјави Ирена Мирческа.

– Јас сум благодарна до екипата што имав можност за работа на развивање на својата креативност и еден лик. Мислам дека ќе и се допадне на публиката затоа што развива едни конфликти коишто се доведуваат до апсурд, брачни конфликти и мислам дека тука комедијата излегува на површина. Мислам дека тоа се едни ситуации кои брачните парови не ги споделуваат со лични пријателите, а тука се два пара кои не се сретнале никогаш порано и тука е целата комедија, рече актерката Миа Кантарџиева Петровска.

Пред публиката во родниот град ќе настапи актерот Марко Богдановски, кој ги повика граѓаните да ја погледнат оваа претстава.

– Мое е да кажам на моите сограѓани дека ги покануваме да дојдат на премиера и на понатамошните изведби, не само на овој текст. Тетово има потреба од една ваква работа, да живее во театарски дух. Се надевам дека ќе успееме да воспоставиме репертоар со што ќе можеме да понудиме на тетовската публика разни наслови и тематики. За претставата, родителите излегоа поголеми деца од децата, истакна Марко Богдановски.

Режисерот Андоновски истакна дека во оригиналниот текст дејствието се одвива во дневна соба на еден од паровите, додека тие направиле измена и сите дијалози се одвиваат во паркот каде се степале децата, а подоцна се сретнале и родителите.

Сценографија е на Мартин Манев, костимографија Ирина Тошева, а дизајн на постер е на Наташа Вчкова.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Младите од ВМРО ДПМНЕ поставија банер Тетово Македонија на влез во градот 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!