СВР Тетово информира за нарушување на јавен ред и мир во Пирок, Општина Боговиње. Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци
-Вчера (14 декември) во 12 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовското село Пирок бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале четири лица од ова село, а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи за кои воделе судски спор. Десетина минути подоцна, во Полициското одделение Камењане се пријавиле двајца од инволвираните во пресметката Ф.И.(29) и К.И.(25), а обезбедени, исто така, се и другите двајца инволвирани. Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.